Fairtale The BCBF waggles
The Stories, the People and the Magic of BCBF

Is There Something in the Air? (Macedonian)

The children's rhyme by Roberto Piumini translated into Macedonian

  |   TOPICS: Translators
post image
Subscribe to our newsletter

Get the latest updates in your inbox and sign up for more info!

Share this article

The children’s rhyme about the coronavirus Is There Something in the Air? (Che cos’è che in aria vola?), written by Roberto Piumini, one of Italy’s most beloved children’s authors, has been translated into Macedonian by Živko Grozdanoski.

author post image

Што тоа велат низ воздухот летка?

Се случува ли нешто што јас не знам?

Зошто ни на училиште одам, ни шеткам?

Еве што е работата, ќе ви кажам сега вам.

 

Има нешто што многу личи на круна,

но не е ни круна, ни царица, ни цар!

Ни човек, ни маче, ни сардина, ни туна...

Добро, ќе ми кажеш ли што е? Не? Скар!

 

Чекај де, полека, дај не лути се човече –

ќе ти кажам што е тоа, но смирено, стоп!

Можам дури и да ти покажам довечер

ама само ако најдеме некаде микроскоп.

 

Тоа е едно типче отровно, вирус се вика

ситно е и немирно, и место не го фаќа:

подмолно е и некултурно, секаде се пика

си живее само, но има милиони браќа.

 

Ова типче е малечко и бескрајно лесно,

од едно на друго место брзо пребегува,

опасно е и невидливо ова војниче бесно

и, замисли, сака во луѓето да влегува.

 

Но, кои се луѓето? Тоа сме сите ние, нели,

и јас, и ти, и другите, и немаме ние време

да чекаме гости-вируси: ние сме смели

па затоа тој никаквец надвор ќе си дреме.

 

 

 

На пример, штом ќе ни дојде да кивнеме,

ние киваме право во лакотот од нашата рака:

тој ќе се сплетка таму, а ние ќе здивнеме:

јас и ти сме умни, секогаш правиме така.

 

Јас, штом излезам, а потоа дома се вратам,

не фаќам ништо, трчам раце да си измијам:

за на она типче шансите да му ги скратам

со вода и со сапун добро ќе ги истријам.

 

И ти, како мене, гледај раце да си миеш

за сето твое тело да биде чисто и здраво.

А ако оној мангуп сака в дланки да ти спие

толку, крај со него – во канализација право.

 

Затоа, штом ќе влезат дома мама или тато,

веднаш подвикни им „Ајде право во тоалет!“

Штом мама раце ќе си измие, речи ѝ „Злато!“,

а штом тато ќе те послуша, нацртај му цвет.

 

Но, ова е најважно: немој никако со прсти

да си ги чепкаш устата, очите или носот.

Исто, гледај да не пиеш вода од грст и...

океј, доволно. Битно го сфаќаш штосот.

 

Јас и дедо ми, пак, други луѓе штом има

гледаме меѓу нас растојание да зачуваме:

можеме да се дружиме (и лете и во зима)

и без да се гушкаме или поздравуваме.

 

Бакнежи и прегратки? Во никој случај.

Немој со другарчињата да се разнежите:

она невидливо бандитче насекаде чучи,

затоа најубаво да ги одложиме бакнежите.

Надвор често гледаме луѓе маскирани

иако не е ни први април, ни карневал.

Но не се тоа крадци, опасни ко пирани:

она невидливо типче е поопасно, за жал.

 

Човекот надвор маска на лице си става

зашто таа нашиот здив го филтрира:

оној штетник тогаш џабе низ воздух јава,

а човекот со маската си диши на мира.

 

Но, дур не му се изгуби и трага и глас

на оној со круната што со око не се гледа,

знаеш ли ти, другар, што си правам јас?

Ова: дома си седам.

 

Тоа е мојата генијална воена стратегија,

оти ниту на училиште одам, ниту шетам,                       

а надвор пак, оној штетник (цела легија!)

скришно и немирно низ воздухот си лета.

 

А другари, роднини, што? Ќе ги сониме?

Не. Но, не мора ни по улици да кружиме –

за да ги видиме, треба само да им ѕвониме:

ете и преку екран можеме да се дружиме.

 

Но, ако се сакаме, што треба да правиме?

Ништо: ќе си се држиме на растојание.

На гушки и бацки засега ќе заборавиме,

со зборови ќе си даваме љубов и внимание.

 

Зборовите се подароци, оти тие се време,

скапоцени се тие: ајде, наместо да акаме,

да ги засадиме сега, како некое добро семе:

ај да им ги дариме на оние што ги сакаме!

 

А јас, и ти, и сите ние – дома ќе си седиме

и ќе го минеме овој пат, кој нема да е лесен,

за со грижа и трпение на крај да го победиме

овој натрапник мал, невоспитан и бесен.

 

И потоа, откако ќе успееме да го положиме

овој тежок испит, овој тест, овој лов

сите ние заедно ќе знаеме да се вложиме

 

во еден уште поубав живот, мудар и нов.

Roberto Piumini
Picture: Giovanna Scalfati

BCBFFIT
AITI
CEATL
STRADE

 

Share this article

Related Post